ЈАБОЛКА

 Златен делишес

Златниот Делишес е најпознатото јаболко по маркетите. Постои од 1950 г. и станува најраспространетата сорта во светот. Златен Делишес сега е распространета во сите топли краишта во светот. Многу е популарно кај производителите заради тоа што лесно се одгледува има крупен плод а исто така и лесно се одржува и чува.


 Јонаголд

Јонаголд е високо квалитетно јаболко создадено во со вкрстување на Јонатан и Златен Делишес.За разлика од Златен Делишес кој бара потопла клима Јонаголдот е доста распространет во останатите региони.Тој се карактеризира со крупен плод .


Ајдаред

Се одликува со бела срцевина и цврсто тело како и со крцкавост и сочност. Често се употребува за производство на пити , сокови и торти. Се бере на крај на Септември – почеток на Октомври и со правилен начин на чување може да остане свежо и до Јуни.


Црвен Делишес

Црвен Делишес е најпознатото и најодгледуваното јаболко во светот. Бара топла клима, има сладок вкус.Плодот е крупен до многу крупен со ѕвонесто конусна форма, и со изразени ребра. Лушпата е дебела, цврста, сува мазна и полусјајна. Основната боја во полна зрелост е жолта, прекриена со дополнително светло до темно црвенило во вид на пруги.


Грени Смит

Се одликува со светло зелена, цврста покожица и крцкава сочна срцевина.Во некои делови од Канада се поистоветува со Златен Делишес. Бојата варира од жолта па се до зелена како трева, а во текот на зреењето ја достигнува својата балансирана арома.


Муцо

Муцо е цврсто, сочно, благо јаболко, со особено карактеристична арома. Спаѓа во средно продуктивните сорти. Се бере во почетокот на Октомври, а во ладилник може да се чува до март.


Ројал Гала

Таа се карактеризира со руменило на покожицата, бојата варира од жолта до портокалова со длабоко портокалови линии.Гала е округло ,цврсто , слатко и ароматично јаболко со бела срцевина.


 

Comments are closed