Преспанската котлина заедно со Преспанското езеро се наоѓаат на 850m надморска височина, и создаваат одлични услови за одгледување на јаболка.
Производството на јаболкa во Преспанскиот регион е доста развиено и е поставено на 3500 хектари.Годишното производство изнесува околу 100.000 тони од кое 90% се извезува претежно на западноевропските пазари.
Одличните услови, како и долгогодишната традиција на одгледување на јаболка, испреплетени со најновите текови и технологии кои се користат во современото производство допринесуваат да над 80% од јаболката во Преспа се сврстуваат во прва класа, која исто така ги исполнува и најстрогите еколошки норми за конзумни јаболка.
Овој регион не само што е најголем во Р. Македонија туку и на целиот Балкан према површината засадена со јаболков насад по глава на жител. Досега се регистрирани околу 2000 домаќинства одгледувачи на јаболки кои со своето производство овозможуваат егзистенција на околу 8000 членови од нивните семејства. Во Преспанскиот регион се произведува скоро 90% од целокупното производство на јаболки во Р.Македонија